Уапсени околу 300 муслимани поради терористичка закана

Од:

Руската полиција приведе во Санкт Петербург, околу 300 муслимани од неколку земји, осомничени дека би можеле да претставуваат терористичка закана.

 “Најмалку 270 лица, вклучувајќи и државјани на Узбекистан, Таџикистан, Азербејџан, како и граѓани на Северен Кавказ, еден Египќанец и еден авганистанец, приведени се, за да се испита нивната евентуална вмешаност во терористички активности”, се вели во соопштението на полицијата.

Федералната служба за безбедност (ФСБ) и полицијата, во петокот извршиле заедничка операција на централниот пазар “Апраскин двор”, место каде што муслиманите работаат и се молат.

Властите не објавија дали некои од уапсените се ослободени подоцна од притвор, но службите за имиграција велат дека, барем 10 од нив ќе бидат депортирани.

Еден од уапсените, 25-годишниот Мурат Сарбашев од кавкаската република Кабардино-Балкарија, е осомничен дека на интернет поставувал текстови со екстремистичка содржина и видео снимки од терористички напади, соопштија инспекторите.

 

 

Би можело да ве интересира

Русија го нападна Макрон: Го тера Западот во светска војна

Британец осуден на 19 години затвор во Русија, се бореше на страната на Украина

А1он

Русија: Пет лица повредени, 54 евакуирани поради експлозија на гас

Франција се обидува да ги обнови врските меѓу САД и Украина

(ВИДЕО) Спречен терористички напад во Русија, убиени се четворица терористи

Дугин: Колективниот запад се дели на два дела!

А1он