Челникот на компанијата, сопственик на јужнокорејскиот траект што потона предизвикувајќи смрт или исчезнување на над 300 луѓе, денеска е уапсен откако властите се посомневаа дека можеби ќе ги уништи доказите.
Тој се соочува со обвиненија дека знаел дека траектот бил претоварен, но оти не сторил ништо да го запре неговото напуштање на пристаништето, наведоа обвинителите.
Завчера е објавено дека најновите податоци кои ги објавија јужнокорејските медиуми покажуваат дека бројот на луѓе што го преживеале потонувањето на јужнокорејскиот траект „Севол“ пред три недели не изнесува 174, како што наведуваа властите во Сеул, туку 172.
Шефот на локалната спасувачка служба Ким Сук-кјун наведе дека дошло до грешка во пребројувањето на преживеаните, бидејќи еден од нив е наведено два пати, додека во вториот случај до грешка дошло поради неточниот податок кој го обезбедил еден од преживеаните патници.