Уапсен поранешниот унгарски министер за внатрешни работи

Од:

Унгарската полиција го уапси Бела Биску, министерот за внатрешни работи од времето на комунизмот поради неговата улога во стрелање по антисоветската револуција во 1956 година.

Обвинителството во Будимпешта соопшти дека побарале од 90-годишниот Биску да биде под домешен притвор. Бил министер во времето на владеење на Јанош Кадар кој дошол на власт откако советските војски го задушуваат востанието во октомври 1956 година.

Обвинителството тврди дека Биску е единствениот преживеан член на времениот извршен комитет на Комунистичката партија за кој се смета дека бил одговорен за убиства на демонстранти – во декември 1956 година кога загинале 51 човек. Ако биде прогласен за виновен може да добие доживотен затвор.

 

Би можело да ве интересира

Орбан: Брисел се подготвува за војнa

Орбан: Европската Унија денес е лав без заби, без ресурси и автономна сила

Се подготвува воен сојуз меѓу Србија и Унгарија

Сијарто: Унгарија не го поддржа новиот пакет помош на ЕУ од 20 милијарди евра за Украина

Зеленски: Унгарија е единствената земја што го блокира членството на Украина во ЕУ

Орбан: Злосторство е Унгарија да се откаже од својот став да остане надвор од војната во Украина

Горан Наумовски