Уапсен поранешен ученик во британско училиште во Холандија, кој се закани со масовен напад

Од:

Поранешен ученик во британско училиште во Холандија е уапсен, откако се заканил со масовен вооружен напад.

Момчето, чие име не е соопштено, ги објавил заканите на Интернет, изјави претставник на раководството на британското училиште, кое се наоѓа во холандскиот град Лајден.

– Полицијата не информира дека поранешен ученик во нашето училиште бил уапсен во врска со заканите, упатени до холандско училиште во Лајден, се наведува во соопштението на управата на британското училиште.

Во соопштението се посочува дека ученикот бил исклучен од британското училиште во октомври 2011 година поради инцидент, поврзан со неговото поведение.

– Утре ќе отворам оган кон мојот наставник и кон што е можно поголем број ученици. Станува збор за училиште во холандскиот град Лајден и за нападот ќе употребам девет милиметарски „колт“, се вели во заканата, објвена на американската интернет страница 4chan.org.

Со оглед на тоа дека изутрината не се знаеше за кое училиште станува збор, сите училишта во холандскиот град Лајден беа затворени, а голем број полицајци беа распоредени во нив.

Би можело да ве интересира

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина