Уапсен поранешен шеф на кинеската безбедност и исфрлен од партијата

Од:

Кинеските власти го уапсија поранешниот шеф за внатрешна безбедност Џоу Јунгканг и го исфрлиле од владејачката Комунистичка партија, обвинувајќи го за различни криминални дела, од корупција до издавање државни тајни.

Политбирото на партијата соопшти дека случајот на Џоу им бил предаден на судските органи, со цел „кон него да се постапи согласно законот“.

Седумдесет и едно годишниот Џоу, кој од 2012 година е во пензија, е највисокиот функционер погоден од кампањата на претседателот Си Џинпинг за борба против корупција.

Тој, меѓу другото, е обвинет за злоупотреба на власта, со цел да им овозможи на своите роднини, љубовницата и пријателите преку разни бизниси да остварат огромни профити, со што и се причинети големи штети на државата.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски