Уапсен најпознатиот агент за односи со јавноста во Велика Британија поради злоупотреба на деца

Од:

Најпознатиот британски агент за односи со јавноста Макс Клифорд беше уапсен денеска под сомнение дека извршил полови напади, објавија Лондонските медиуми.

Полицијата потврди дека утрово уапсила маж на возраст од околу 60 години, во истрагата за сексуални напади врз малолетници, поврзани со поранешниот водител на мрежата Би-Би-Си (BBC) Џими Севил.

Скотланд Јард не го објави името на уапсениот, кој е испрашуван во полициска станица во центарот на Лондон, но различни медиуми објавија дека е во прашање Клифорд, пренесува АФП.

Клифорд во раните 1960-ти години, беше задолжен за промоција на, во тоа време, непознатата група Битлси, а меѓу неговите клиенти билеи и Френк Синатра, Џо Кокер, Мухамед Али, Марлон Брандо, Дејвид Коперфилд и Дејвид Бекам.

БиБиСи го потресува криза поради сексуален скандал за злоупотреба на деца, за кој е обвинет Севил, кој меѓувреме почина.

Британската полиција досега идентификуваше над 300 потенцијални жртви на поранешната ТВ ѕвезда, и уапси повеќе лица под сомнение дека биле вмешани во ланец на педофилија.

Би можело да ве интересира

Поведена истрага против жител на струшко Велешта за детска порнографија

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја