Ирачките безбедносни сили го уапсија лидерот на Ал Каеда во Ирак, Абу Бакр ал-Багдади, соопшти денес ирачката државна телевизија.
За Ал-Багдади, малку се знае. Прогласен е за лидер на Исламската држава Ирак, организација што обединува неколку вооружени групи, по убиството на Абу Омар ал-Багдади во американски воздушен напад во 2010 година.
Не објавуваше многу извештаи или видеоснимки и за стандардите на Ал Каеда, беше личност од сенка. Едно соопштение објави во јули оваа година, по судирот во кој беа убиени ирачки функционери за безбедност.
Ал-Багдади тогаш ја најави акцијата: “Кршење на ѕидови”, со цел ослабување на ирачката влада предводена од шиити, до која би дошле во соработка со сунитските племиња и со враќање во областите од каде што беа протерани пред повлекувањето на американските војници од Ирак во декември минатата година.
Шефот на анти-терористичката единица која го изврши апсењето, соопшти дека заврши двомесечната истрага, а при апсењето, запленети се имиња и локации на други членови на Ал Каеда.