Уапсен еден од наследниците на колумбискиот наркобос Ескобар
Колумбиските власти го уапсија првиот човек на поздемјето во Колумбија, член на раководството на основаната во почетокот на 1980-тите години од злогласниот наркобос Пабло Ескобар група Oficina de Envigado, јави во петокот локалната телевизја Univision.
Феликс Алберто Санчез Исаза – Бето, бил уапсен во една од неговите луксузни куќи, заедно со уште еден осомничен.
Ова не е првиот обид за апсење на Бето, претходните обиди завршуваа без успех.
Водачот на Меделинскиот картел, Пабло Ескобар, беше на листата на најбарани трговци со дрога на САД и беше еден од најбогатите луѓе во светот. Неговото богатство се проценуваше на околу три милијарди долари во 1993-та година, кога беше убиен на 43-годишна возраст, при обид да избегне апсење.