Бразилскиот милионер и бизнисмен Еике Батиста (60), е уапсен денеска, веднаш по слетувањето на аеродромот во Рио де Женеиро, поради корупција.
Тој е осомничен дека му давал мито на поранешниот гувернер на сојузната држава Рио де Женеиро, а налогот за неговото апсење е издаден минатиот четврток, во време кога Батиста бил отсутен од земјата.
Батиста се уште не е формално обвинет, бидејќи според бразилскиот закон, единствено обвинителот може да покрене обвинение, но дури кога полицијата ќе ја заклучи истрагата.
Батиста пред пет години имаше нето приход од 30 милијарди долари, со што беше поставен на листата на 10-те најбогати луѓе во светот.