Тврдење на израелски истражувачи: Палестинскиот претседател Махмуд Абас бил „агент на КГБ“

Од:

Палестинскиот претседател Махмуд Абас, бил таен агент на советската тајна служба КГБ, во почетокот од осумдесетите години на 20 век- тврдат двајца израелски истражувачи.

Гидеон Ремез и Изабела Гинор, тврдат дека Абас бил регрутиран од КГБ и дека тоа се наоѓа во тајните документи на поранешниот советски разузнавач Василиј Митрохин кои пребегна на Запад.

Двајцата истражувачи, во интервју за израелската телевизиска станица „Канал 1 , објасниле дека од документите што сега се чуваат во Универзитетот Кембриџ, во Велика Британија, може да се разбере за ангажирањето на Абас за советската разузнавалка служба, како и за тоа дека неговото кодирано име било „ Кротов„ или најчесто „кртот„.

Израелците тврдат дека во „документите Митрохин„ е наведено дека „Кротов„ (Абас) е роден во 1935 година, дека е од палестинско потекло, член на Извршниот комитет на „Ал Фатах„ и Палестинската ослободителна организација (ПЛО), како и дека живее во Дамаск.

Портпаролот на кабинетот на Абас ги отфрли денеска тврдењата на двајцата истражувачи, означувајќи го тоа како „апсурдни израелски оцнувања„ на палестинскиот претседател.

Откритијата за „тајната улога„ на Абас од пред повеќе од 30 години, доаѓа во време кога Русија настојува да организира средба меѓу Абас и израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху.

Средбата требаше да се одржи утре во Москва. Палестинскиот лидер претходно прифати да се сретне со Нетанијаху, но израелската страна побара средбата да се одложи , не прцизирајќи до кога.

Абас и Нетанијаху се поздравија на последната конференција за климатските промени во Париз, но не се сретнала за да разговараат уште од 2010 година.

Независни посматрачи проценуваат дека иако основните биографски податоци за Абас, од „документите Митрохин„ се точни, има повеќе работи што истражувачите не ги посочуваат.

Нема податоци за тоа кога и како Абас бил регрутиран за „агент на КГБ„ ниту дали бил платен и колку долго работел за советската тајна служба.

Махмуд Абас се образувал во Дамаск, каде неговите родители и целото семејство побегнале откако била создадена државата Израел, во 1948 година. Тој е еден од основачите на „Фатах„ заедно со поранешниот палестински лидер Јасер Арафат.

Палестински посматрачи проценуваат дека целата оваа „шпионска приказна„ е создадена затоа што израелскиот премиер не сака да разговара со Абас , ниту сака да разговара за мировниот процес што е целосно замрзнат.

Би можело да ве интересира

Трамп се огласи откако Хамас не го исполни неговиот ултиматум: „Сега Израел нека одлучи што сака да прави“

Предраг Петровиќ

Израел ослободи Палестинци од затвор: Им ставија исти маици и напишаа една реченица

Предраг Петровиќ

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Рубио: Кревок е прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас

Израел ослободи 183 палестински затвореници

Саудискиот принц му пишa на Трамп за Газа: Палестинците не се илегални имигранти, тоа е нивна земја