Твитер забранува реклами кои се во спротивност со науката за климатските промени

Од:

Твитер соопшти дека повеќе нема да дозволува огласувачи на својата платформа кои го негираат научниот став за климатските промени, следејќи ја политиката што ја воведе Гугл.

– Рекламите не треба да го одвлекуваат вниманието од важните разговори за климатската криза, соопшти компанијата, образложувајќи ја својата нова политика.

Не беше наведено дека оваа промена ќе влијае на содржината што корисниците ја објавуваат на оваа социјална мрежа, која заедно со Фејсбук е цел на групи кои се обидуваат да промовираат погрешни тврдења за климатските промени, пренесе Бета.

Објавата се совпадна со Денот на планетата Земја.

Твитер соопшти дека во наредните месеци ќе објави повеќе информации за тоа како планира да обезбеди „сигурна, авторитативна содржина за климатските разговори“ во кои учествуваат неговите корисници, вклучително и од Меѓувладиниот панел за климатски промени.

Извештаите на тој панел, поддржан од ОН, за причините и последиците од климатските промени се основа за меѓународните преговори за борба против климатските промени.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Твитер продолжува да отпушта вработени

Ана Ололовска

Маск најави големи промени на Твитер: „Болно, но неопходно“

Ана Ололовска

Маск го врати профилот на Трамп на Твитер

Ана Ололовска

Маск бара од корисниците на Твитер да гласаат за враќањето на Трамп на мрежата

Ана Ололовска

Маск ги укина бесплатните оброци за работниците на Твитер

Ана Ололовска

Маск соочен со официјално предупредување од американскиот антимонополски регулатор и со оставки на менаџерите во Твитер

Ана Ололовска