Твитер го прогласи Денот на укинување на ропството за неработен ден

Од:

Главниот директор и коосновач на Твитер, Џек Дорси најави дека „во иднина“ 19 јуни, денот кој во САД се одбележува укинување на ропството, ќе биде неработен ден за неговите две компании – Твитер и Сквер.

– Тој ден ќе го посветиме на славење, учење и поврзување, објави Дорси на Твитер.

Твитот на Дорси е во момент кога во САД има протести поради расизмот и полициското насилство по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина за време на полициска акција.

На 19 јуни 1865 година генерал Гордон Грангер прочита проглас за ослободување на афроамериканските робови во Тексас, последната сојузна држава која го укина ропството по завршување на граѓанската војна.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД