Социјалната мрежа „Твитер“ ги блокираше профилите на Иранска новинска агенгја (IRNA), новинската агенција Унија на млади новинари (YJC) и агенцијата Мехр, јавува Анадолија.
„Твитер“ ги блокираше профилите на новинските агенции каде што вестите се објавуваат на персиски, додека профилите на истите агенции што ги емитуваат вестите на англиски, арапски и на други јазици не се блокирани.
Откако САД, во средината на април оваа година, ја стави Иранската армија Револуционерна гарда на листата на терористички организации, социјалната мрежа „Инстаграм“ ги затвори профилите на бројни команданти на иранската армија, вклучувајќи го и началникот на Генералштабот, генерал Мухамед Бакири.
Еден од иранските команданти чиј профил беше блокиран од „Инстаграм“, шефот на човечки ресурси во вооружените сили на Иран, Муса Кемали, претходно изјави дека „Инстаграм профилите биле затворени од страна на ционистите.
На 8 април Врховниот совет за национална безбедност на Иран ја рангираше Централната команда на САД (ЦЕНКОМ) на листата на терористички групи како одговор на одлуката на САД со која Иранската револуционерна гарда беше вклучена во листата на терористи.
Иранските медиуми објавија дека, со затворање на профилите на иранските воени претставници, „Инстаграм“ ја поддржува политиката на американскиот претседател Доналд Трамп, кој сака да ја засили тензијата.