ТВ дебата на Бајден и Рајан

Од:

Тековниот американскиот потпретседател Џо Бајден остро се спротивстави на неговиот противник Пол Рајан во телевизиската дебата на двајцата кандидати за следниот потпретседател на САД, агресивно бранејќи ја економската и надворешната политика на администрацијата на Обама.

Бајден (69) “бараше освета” за лошиот впечаток кој го остави Обама минатата недела во телевизиската дебата, кога разменуваше мислења со републиканскиот претседателски кандидат Мит Ромни.

Првите проценки за тоа кој победи во дебатата се поделени. Истражувањето на CBS News меѓу неопределените гласачи покажа дека Бајден победи со 50 спрема 31 проценти. Истовремено, CNN објави дека според нивните истражувања Рајан (42) бил малку подобар со 48 отсто во споредба со 44 проценти од оние кои сметаа дека Бајден оставил подобар впечаток.

Reuters пренесува дека потпретседателските кандидати остро дебатираа, често прекинувајќи се меѓусебно и гледајќи на противникот со израз кој би требало да даде впечаток дека тие не веруваат во она што противникот вели.

Обама ја гледал дебата за време на лет во претседателскиот авион, а на новинарите по завршетокот им изјави дека е горд на неговиот заменик.

Би можело да ве интересира

Авионска несреќа во САД: Има голем број луѓе повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Драма во САД: Итно активирани ловци Ф-16

Горан Наумовски

Иран: Ќе размислиме за разговори со САД освен ако тие не сакаат да ја уништат нашата нуклеарна програма

(ВИДЕО) Прогласена е вонредна состојба на Лонг Ајленд

Горан Наумовски

Зеленски: Мировните преговори меѓу Украина и САД ќе се одржат во Саудиска Арабија следната недела

Орбан: Блиску сме до договор за економска соработка со САД