Туск: Војната во Украина мора да прекине

Од:

Започнувањето на Втората светска војна на денешен ден пред 75 години покажува зошто Европа сега мора да и стави крај на војната во Украина, изјави денеска полскиот премиер Доналд Туск.

Туск, кого лидерите на ЕУ го избраа за иден претседател на Европскиот совет, зборуваше на полуостровот Вестерплате на балтичкиот брег, каде на 1 септември 1939 година се слушнале првите истрели во Втората светска војна од нацистички германски воен брод. Две недели подоцна, советската армија извршила инвазија од исток, врз основа на договорот меѓу СССР и Германија за поделба на Полска. Следеле повеќе од пет години сурова војна, во која настрадале над десетина милиони луѓе.

– Денес кога ја гледаме украинската трагедија, односно војната во источниот дел на нашиот континент, знаеме дека септември од 1939 година не смее да се повтори, порача Туск.

Тој нагласи дека поуките кои треба Европа да ги научи од своето минато „не смеат да бидат лекција на наивен оптимизам“, бидејќи безбедноста на континентот бара „храброст, фантазија и одлучна акција“.

Европската безбедност во соочување со оружените судири ќе биде главна тема на самитот на НАТО, кој в четврток почнува во Велс.

Би можело да ве интересира

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски