Лидерите на 28 држави членки на Европската унија и на Турција ќе одржат в недела на 29 ноември во Брисел, самит со цел подобрување на односите и решавање на кризата со мигрантите, изјави вечерва претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.
– Самитот ќе се одржи в недела на 29 ноември. Целта е унапредување на нашите односи и запирање на бранот мигранти, објави Туст на Твитер.
Одлуката била донесена по позитивната препорака на ЕК и вечерашниот телефонски разговор со турскиот премиер Ахемт Давутоглу.