Туск предупреди да не се дозволи поделба меѓу Исток и Запад во ЕУ

Од:

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска предупреди да не се дозволи поделба меѓу Истокот и Западот во Европската унија, по прашањето за распоредување на бегалците.

Изјавата, Туск ја направи непосредно пред средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан, чија земја стана транзитен центар за мигрантите.

– Извинете за поедноставувањето, но има нешто како поделба меѓу Исток и Запад во ЕУ, изјави Туск пред претставниците на земјите од ЕУ.

Некои држави мислат само како да го задржат миграцискиот бран, за што стана симбол затворањето на Унгарија, додека други сакаат повеќе солидарност, залагајќи се за задолжителни квоти за распределба на бегалци меѓу 28-те земји членки на ЕУ, изјави претседателот на Европскиот совет.

– Клучен предизвик е да се најдат општи, но амбициозни стандарди, изјави Туск, додавајќи дека зборовите повеќе не се доволни и дека се потребни дела, пренесува ДПА.

ЕУ очекува над половина милион илегални мигранти да влезат на внатрешните граници на ЕУ годинава, истакна Туск.

Главната железеничка станица во Будимпешта утринава повторни ги отвори вратите, но патувањата за Западна Европа остануваат блокирани.

Би можело да ве интересира

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он