Туск: Никој нема намера да и помогне на Европа

Од:

Проценките на Турција се дека уште околу три милиони бегалци би можеле да пристигнат во Европа од сирискиот град Алепо и околината, а „никој нема намера да и помогне на Европа“, изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Турција ја предупреди ЕУ за големиот број потенцијални бегалци од Сирија, додека европските земји се борат со најголемата бегалска криза во последните неколку децении.

– Милиони потенцијални бегалци и мигранти денес сонуваат за Европа. А светот околу нас нема намера да и помогне на Европа и некои соседи на Унијата со задоволство гледаат на нашите проблеми, истакна Туск пред европарламентарците.

Во Турција се наоѓаат околу два милиона бегалци од Сирија, додека десетици илјади други пристигнале во останатите земји од Европа преку Грција.

Би можело да ве интересира

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина