Туск: Могерини треба да изработи план за блокирање на руските дезинформации за Украина

Од:

Шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, до средбата на врвот на ЕУ во јуни, треба да подготви план за противдејствување на „дезинформациите“ што Русија ги лиферува за ситуацијата во Украина, изјави претседателот на Советот Доналд Туск, цитиран од ТАСС.

-Ја подвлековме неопходноста да се упати предизвик кон натамошната руска кампања за дезинформирање на јавноста за конфликтот во Украина. Високиот претставник (за заедничка надворешна политика и безбедност) до јунската средба на врвот на ЕУ ќе подготви план за дејствување врз стратегичките комуникации, рече Туск.  

Би можело да ве интересира

Медиуми: Амбасадорите на ЕУ одобрија продолжување на санкциите против Русија

Лавров: Не ме интересира ставот на ЕУ за Украина, имаме „нормални“ разговори со американски претставници

Трамп: ЕУ воведе царина од 50 отсто за вискито, ние ќе им одговориме со 200 отсто царини

САД не беа поканети на тајниот воен состанок во Париз

ЕУ воведе контра-царини за американски стоки

ЕУ подготвува жесток одговор на американските царини

Горан Наумовски