Туск: ЕУ ќе го отфрли барањето за преговори со Велика Британија доколку Ирска не е задоволна од понудата за границата

Од:

Доколку Ирска не е задоволна од понудата на Лондон за статусот на границата кон Северна Ирска, ЕУ ќе го отфрли барањето за преговори за транзицискиот период по излегувањето на Велика Британија од Унијата и за иднината на трговскиот пакт, изјави претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

– Пред да им ги предложам на европските лидери насоките за транзицискиот период и идните односи со Обединетото Кралство, прво ќе се консултирам со ирскиот премиер Лео Варадкар, за тоа дали британскиот предлог е прифатлив за Владата на Ирска. Ќе бидам многу јасен: Ако предлогот на Обединетото Кралство не е прифатлив за Ирска, тој нема да биде прифатлив ниту за ЕУ, нагласи Туск по средбата со Варадкар.

Според ирскиот премиер, Велика Британија треба да понуди веродостојни, конкретни и практични решенија кои ќе гарантираат дека нема да има „тврда“ граница, безразлика на исходот од преговорите со ЕУ.

Крајниот рок до кога Лондон треба да предложи решенија за границата е 4 декември. Прашањето за границата е една од трите теми кои треба да бидат уредени пред да започне втората фаза од преговорите за Брегизт.

Би можело да ве интересира

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија