Туск: ЕУ е пред затворање на медитеранската мигрантска рута

Од:

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск најави дека на денешната средба во Ла Валета, лидерите на ЕУ ќе усвојат важни мерки за затворање на илегалната мигрантска рута преку централниот дел на Средоземното Море.

– Можам да ве уверам дека сме пред затворање на рутата преку која илегално се пренесуваат луѓе. изјави Туск по разговорите со шефот на италијанската дипломатија Паоло Џентилони.

Експертите стравуваат дека со подобрувањето на временските услови ќе се зголемат обидите на мигрантите од Африка за илегален влез во Европа преку Медитеранот. При бродски несреќи долж оваа рута лани загинаа или исчезнаа неколку илјади илегални мигранти.

Според Туск, затворањето на медитернската рута ЕУ пред се им го должи на „оние кои страдаат и ги ризикуваат своите животи“ во обидот да дојдат до европкиот континент.

– Но, од друга страна, тоа им го должиме и на Италијанците и на Европејците, нагласи Туск.

Поголемиот број од лицата кои се обидуваат од либискиот брег да стигнат до Италија се економски мигранти и имаат мали шанси да добијат азил во некоја од европските земји.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1