Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск предупреди синоќа дека бегалската криза која ја погаѓа Европа е дел од „егзодусот“ на од војната разорените земји, кој би можел да трае со години.
– Актуелниот бран мигранти не е единечен случај, туку почеток на вистински егзодус, што значи дека ќе мораме да се носиме со тој проблем уште многу години, изјави Туск во говорот во бриселскиот институт „Бројгел“, пренесува Танјуг.
– Поради тоа важно е да научиме да живееме со тој проблем без да се обвинуваме едни други, порача тој.
– Не треба да гаиме илузии дека постои лесно решение ситуацијата да се врати на старо, истакна Туск и повика на прагматизам, додавајќи дека членките на ЕУ мораат на страна да ги остават своите длабоки несогласувања и да се соочат со бранот бегалци.