Туск до Британците: Ви благодарам и довидување

Од:

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск денеска изјави дека Европската унија не е среќна поради излегувањето на Велика Британија.

Поранешниот полски премиер откако официјално го прими известувањето за почетокот на Брегзит истакна „Веќе ни недстигате. Ви благодариме и довидување“.

Тој посочи дека нема причина да се глуми оти денеска е среќен ден ниту во Брисел ниту во Лондон.

– После се, поголемиот број Европејци, вклучително и речиси половината британски гласачи, сакаа да останеме заедмо. Лично нема да глумам дека денеска сум среќен, истакна Туск во одговорот на писмото на Велика Британија со која официјално го покрена процесот за излез од ЕУ.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година