Жената која го изврши нападот во Истанбул сакала да побегне во Грција, ПКК планирала да ја ликвидира

Од:

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу денеска го откри идентитетот на осомничената за вчерашниот бомбашки напад, во кој загинаа шест лица, а беа ранети 81. Според него, станува збор за Ахлам Албашир, која наводно сакала да побегне во Грција.

Сириската државјанка Ахлам Албашир наводно влегла во Турција пред неколку дена со намера да изврши задача што и ја доверила Курдистанската работничка партија (ПКК).

Наводно, таа била обучена од ПКК како специјален разузнавач и илегално влегла во Турција преку Африн-Идлиб за да преземе акција.

Покрај идентитетот на осомничената, турскиот министер најави дека таа наскоро ќе побегнела во Грција доколку не била уапсена. Според неговите зборови, ПКК планирала нејзина ликвидација за да спречи објавување информации.

Би можело да ве интересира

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

Нури Аслан избран за привремен градоначалник на Истанбул

(ВИДЕО) Полицијата уапси 43 демонстранти во центарот на Истанбул

ВИДЕО: Уапсениот градоначалник на Истанбул денеска пред суд, масовните протести продолжуваат

Приведен градоначалникот на Истанбул

А1он

Во Истанбул за месец и пол умреле 37 лица од лажен алкохол

А1он