Турската полиција со солзавец на демонстрантите

Од:

Турската полиција фрли солзавец и употреби водени топови за да ги растера демонстрантите кои се собраа во Истанбул како знак на поддршка за штрајкот на курдските заробеници.

Околу 400 демонстранти се собраа пред зградата на Курдската партија за мир и демократија, извикувајќи „Евакуирајте ги затворите“ и „Слобода за затворениците“, по што полицијата фрли солзавец и употреби водени топови без предупредување.

Насобраните демонстранти извикуваа и пароли со поддршка за лидерот на забранетата курдска Работничка партија, Абдулах Оџалан.

Турската влада е под се поголем притисок да стави крај на штрајкот со глас на околу 700 курдски затвореници кој трае веќе 54 дена.

Помеѓу учесниците на штрајкот се политичари, градоначалници, пратеници, а некои од нив се и високи функционери на курдската партија која има 29 од вкупно 550 пратеници колку што брои турскиот парламент.

Штрајкувачите со глад бараат укинување на забраната за користење на курдскиот јазик, но нивното главно барање е да му се подобрат затворските услови на Оџалан. Тој се наоѓа во затвор на остров во близина на Истанбул.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Единаесет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во Турција

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија

ВИДЕО: Снимка од ударот на хеликоптерот во болница во Турција

ВИДЕО: Хеликоптер удри во болница во Турција, четворица мртви

Претседателот на Големото национално собрание на Турција во тридневна посета на земјава

А1он