Турција со злато го исплаќа иранскиот гас

Од:

Турција почна да плаќа со злато за увозот на ирански природен гас, пренесоа руските медиуми, цитирајќи го денешниот број на весникот „Волстрит џорнал Јуроп“.

Големото истекување на злато од турската економија, регистрирано во последно време, во вредност од милијарди долари, е заради плаќањето со овој благороден метал на иранскиот гас, подвлече весникот. „Овој факт е потврден од вицепремиерот Али Бабаџан во писмениот одговор на прашање на пратеници“, се дополнува во написот.

-Преминувањето на двете земји кон раздолжување со злато за испораките на гас е резултат од санкциите на САД, кои на земјите што користат долари во трговијата со Техеран им се закануваат со жестоки мерки.

Преминувањето кон плаќање со златни прачи на Анкара и овоможи да ја избегне „казната“ од страна на Вашингтон. Ваквата трговија, исто така, не го прекршува режимот на меѓународни санкции, воведен против Иран, забележа весникот.

За првите девет месеци од годината од Турција се изнесени рекордни 10,7 милијарди долари. Од нив за Иран се заминати 6,4 милијарди долари во злато.

Во енергетскиот биланс на Турција делот на ирански гас изнесува 18 проценти.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран