Турција регистрираше 50 степени за прв пат во историјата

Од:

Турција ја забележа највисоката температура во својата историја дури 50,5°C, објави Severe Weather Europe.

Историскиот рекорд е измерен во регионот Силопи, на југоистокот од земјата, недалеку од границите со Ирак и Сирија, во време кога исклучително силен и долготраен топлотен бран ја погодува југоисточна Европа и Балканот, при што температурите често надминуваат 45°C.

Според извештајот на Severe Weather Europe, оваа област редовно страда од екстремна топлина поради влијанието на сувите и топли воздушни маси што доаѓаат од Блискиот Исток. Новиот рекорд сè уште чека официјална потврда од Турската метеоролошка служба (TMG). Доколку се потврди, тој ќе ги надмине претходните 49,5°C, измерени во Џизре во 2021 година.

Овој рекорд дополнително ја истакнува сериозноста на климатските промени и екстремните временски услови што сè повеќе влијаат на светот, особено на јужна Европа.

Би можело да ве интересира

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Во Турција уапсени 348 осомничени во акции против криминални организации

(ВИДЕО) Трагедија во Турција: најмалку 11 жртви и 27 повредени во сообраќајна несреќа

Катерина Ѓуровски

Турција ги забрани социјалните мрежи за деца под 15 годишна возраст

А1он

Во Турција на секои четири минути умира по еден човек како последица од пушењето

А1он

ВИДЕО: Пукање во училиште во Турција, осуммина повредени

Катерина Ѓуровски