Турција: Референдумот во Ирачки Курдистан е нелегитимен

Од:

Турција смета дека референдумот за независност на Ирачки Курдистан, кој е закажан за в понеделник, е нелегитимен и е подготвена да преземе контрамерки доколу тој се одржи, се наведува во соопштението од заседанието на турскиот Совет за национална безбедност што заврши вечерва.

– Уште еднаш се покажа неприфатливата и нелегитимната природа на референдумот. Доколку референдумот се одржи, Турција ги задржува сите права да реагира врз основа на билатералните и меѓународните договори, се наведува во соопштанието од заседанието на Советот со кој претседаваше турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Советот наведе Турција е „подготвена да стори се што е во нејзина моќ за постигнување на решение врз уставна основа“.

– Ако Северен Иран продолжи со заложбите за одржување на овој погрешен референдум, кој не е неприфатлив само за Турција, туку и за Советот за безбедност на ОН, меѓународната заедница и централната Влада на Ирак, неизбежни се сериозни последици кои ќе им нанесат штети на Северен Ирак и на целиот регион, се наведува во соопштението на турскиот Совет за национална безбедност.

Петходно денеска, претседателот на регионалната Влада на Ирачки Курдистан, Масуд Барзани, изјави дека ирачките Курди се подготвени да ја „платат која било цена за својата слобода“.

Ваквата изјава на Барзани беше реакција на соопштението на Советот за безбедност на ОН, кој побара откажување референдумот и изрази загриженост поради можните дестабилизирачки последици од него.

Би можело да ве интересира

ПКК ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Анкара

Горан Наумовски

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски