Турција: Процесирани над половина милион осомничени за поврзаност со организацијата на Ѓулен

Од:

Заменик-министерот за внатрешни работи на Турција и портпарол на Министерството Исмаил Чатакли соопшти дека турските институции спровеле истрага за 511.646 лица, кои се осомничени за поврзаност со организацијата на Фетулах Ѓулен.

Чатакли информира дека од 15 јули 2016 година се водат детални истраги за елементите на, како што рече, терористичката организација ФЕТО, која е одговорна за обидот за воен удар во земјата.

-Во притвор и понатаму се наоѓаат 30.709 осомничени, наведе Чатакли.

Тој информира дека со истрагата се откриени и нови 4.676 корисници на апликацијата „Бајлок“, која приврзаниците на Ѓулен ја користеле за тајна комуникација меѓу членството.

-Досега се откриени вкупно 95.310 корисници на „Бајлок“. Процесуирани се 79.337 такви лица, рече Чатакли.

Движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, во Турција се смета за терористичката организација- ФЕТО. Турција смета дека тој е одговорен за пучот на 15 јули 2016 година.

За време на обидот за пуч во Турција загинаа 251 лице, а околу 2.200 беа повредени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски

Масовен бојкот во Турција – Владата тврди: Тоа е саботажа

Горан Наумовски

Турската полиција го уапси и адвокатот на Имамоглу

Горан Наумовски

1.900 лица приведени во Турција за време на протестите против апсењето на Имамоглу

(ВИДЕО) Полицијата уапси 43 демонстранти во центарот на Истанбул

Ердоган: Држат лекции за човекови права, но молчат за грозоморните убиства во Газа

Предраг Петровиќ