Турција преговара со курдскиот лидер

Од:

Во тек се преговори со затворениот лидер на курдските бунтовници, како би ги повикал своите поддржувачи на траен прекин на огнот со Турција, изјави помошникот на Ердоган.

Заменик турскиот премиер Јалцин Акдоган во интервју за весникот “Taraf” рече дека целта на разговорите е да се убеди работничката партија на Курдистан (РПК) да престане да објавува привремени прекини на огнот туку трајно да го положи оружјето.

Тој ја даде изјавата неколку дена откако турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган рече дека турската разузнавачка служба ги продолжува разговорите со лидерот на бунтовниците Абдул Окалан, кој отслужува доживотна затворска казна.

Десетици илјади луѓе се убиени од почетокот на борбата за курдска автономија во југоисточна Турција во 1984. Турција и западот ја сметаат РПК за терористичка организација.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Единаесет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во Турција

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија