Турција почна со производство на тенкот „Алтај“ со домашен мотор

Од:

Турската одбранбена компанија БМЦ го иницираше сериското создавање на првиот домашно изработен основен борбен тенк Алтај“, кој е опремен со мотор „BATU“ со моќност од 1,500 коњски сили, објавија од компанијата.

По повеќегодишни тешкотии во процесот на развивање на сопствен мотор, БМЦ успешно го надмина проблемот кој произлезе од санкциите за увезување на софистицирана воена технологија, пренесува Анадолија.

Претседателот на БМЦ, Фуат Тосјали, изјави дека изработката на тенкот Алтај“ претставува исполнување на долгогодишната визија на Турција.

Моторот ‘BATU’ може да помине 10,000 километри, а нашата фабрика веќе започна масовно производство по поставувањето на темелите минатата година” рече Тосјали.

Тој исто така додаде дека тенкот ќе ги задоволи барањата на турската армија, како и на земјите сојузници.

Претседателот на Турската агенција за одбранбена индустрија, Халук Горѓун, нагласи дека агенцијата дала голема поддршка за проектот, во кој бил вклучен и претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Би можело да ве интересира

Иранска балиситичка ракета соборена во воздушниот простор на Турција

Фидан: Израел провоцира конфликти, спроведувајќи експанзионистичка агенда

Турција се плаши од хаос и бран бегалци од Иран

Горан Наумовски

Иранска балистичка ракета лансирана кон Турција соборена од воздушната одбрана на НАТО

Турски државјанин шверцуваше мигранти со возило

ВИДЕО: Турски воен авион се урна на автопатот Измир-Истанбул

Катерина Ѓуровски