Турција му достави на Катар пет илјади тони храна

Од:

Турскиот министер за економија Нихат Зајбекчи изјави денеска дека Турција му доставила на Катар пет илјади тони храна.

Зајбекчи посочи дека храната е доставена во Катар со 71 авион, откако на 5 јуни Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин ги прекинаа дипломатските односи со земјата и воведоа санкции кон неа, обвинувајќи го дека го поддржува тероризмот.

Турција го поддржува Катар и се обидува да пронајде решение преку дијалог.

– Овој викенд ќе почнеме да му доставуваме на Катар стоки преку море. Во моментов исто така наши камиони се на пат за Катар, посочи Зајбекчи.

Тој додаде дека Турција може да ги исполни сите хуманитарни потреби на Катар.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во меѓувреме денеска повторно апелира за пронаоѓање решение за спорот пред крајот на светиот муслимански месец Рамазан.

Би можело да ве интересира

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Катар им го предаде на Хамас и на Израел конечниот „нацрт“ договор за примирје во Газа

Катерина Ѓуровски