Турција ќе испраќа свои војници во Катар

Од:

Турскиот Парламент вечерва по итна постапка усвои закон со кој и се овозможува на Армијата на Турција да испрати свои војници во Катар.

Законот беше усвоен со 240 гласови на пратениците од владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) и на третата по големина опозицискиа сила во Парламентот, Партијата на националиситчка акција (МХП).

Со законот, покрај стационирање на турски војници во база на катарска територија, се предвидува и соработка меѓу Турција и Катар во сферата на одбраната.

Ваквата одлука на Анкара во западните медиуми се оценува како поддршка на Турција за Катар, кој од пред два дена се најде под дипломатска и економска изолација од страна на повеќе арапски земји, кои ја обвинија Доха за поддршка на тероризмот и за финансирање на екстремни исламистички групи.

Катар од своја ги отфрла ваквите обвинувања и најави подготвеност за надминување на кризата преку дијалог.

На одлуката на арапските земји, предводени од Саудиска Арабија и Египет, претходно реагираше и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој оцени дека изолацијата на Катар нема да ги реши проблемите и најави дека Анкара ќе стори се што е во нејзина можност да посредува во надминувањето на кризата.

Турција има добри односи со Катар, а двете земји го подржуваат исламистичкото движење Муслиманско братство во Египет, како и сириските бунтовнички групи.

Би можело да ве интересира

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Катар им го предаде на Хамас и на Израел конечниот „нацрт“ договор за примирје во Газа

Катерина Ѓуровски