Турција и Украина потпишаа договор за слободна трговија

Од:

Турција и Украина потпишаа договор за воспоставување зона за слободна трговија меѓу двете земји. Документот е потпишан по разговорите меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој се наоѓа во официјална посета на Киев.

Клучна точка на договорот е воведувањето од Турција на нулта царина за 10.337 артикли, што е 95 отсто од вкупниот број стоки извезени од Украина. За уште 1.348 артикли ќе бидат доделени царински квоти или намалени давачки. Конкретно, документот предвидува целосно укинување на турските давачки за 510 од 840 металуршки стоки, делумно намалување на царините за 130 и квоти за 167 металуршки стоки.

Освен тоа, стоките произведени од Украина од турски суровини ќе се сметаат за украински и ќе може да влезат на пазарите во сите европски земји без царина. Киев веќе добива подобри услови за пристап до турскиот пазар за преработени земјоделски производи.

Според прелиминарните проценки на украинската Влада, договорот ќе доведе до годишен пораст од 2,2 отсто од БДП на земјата и 2,6 проценти од приходот на домаќинствата.

Украина и Турција потпишаа и меморандум за формирање заеднички царински совет.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми