Турција и Саудиска Арабија ќе формираат совет за стратегиска соработка

Од:

Турција и Саудиска Арабија се договорија денеска да создадат совет за стратегиска соработка меѓу двете земји, изјави саудискиот министер за надворешни работи Адел ибн Ахмед ал Џубеир, по средбата меѓу лидерите на двете земји, јави ТАСС.

Советот ќе има задача за подобрување на саудиско-турските односи, изјави саудискиот министер за надворешни работи.

Тој истакна дека двете земји се договориле за создавање совет за стратегиска соработка, за да ја зајакнат воената, економската и инвестициската соработка.

Министерот рече дека советот ќе се занимава со соработка во областа на безбедноста, воената сфера, економијата, трговијата, енергетиката и инвестициите меѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“