Турција и Русија заедно ќе го надгледуваат примирјето во Нагорно Карабах

Од:

Турција и Русија ги завршија техничките преговори и потпишаа Меморандум за основање на Заеднички центар за надзор на спроведувањето на примирјето во Карабах, јави агенцијата Анадолија.

– Разговорите за техничките детали во врска со формирањето и одговорностите на Турско-рускиот заеднички центар се завршени и потпишан е договор, соопшти турското Министерство за национална одбрана.

Министерството преку Твитер објави дека во тек се активности за што побрзо ставање во функција на центарот и потсетува дека на 11 ноември, преку видеоконференција, е потпишан Меморандум за разбирање од страна на министрите за одбрана на Турција и Русија, Хулуси Акар и Сергеј Шојгу.

– Преку заедничкиот центар во Нагорно Карабах, турските и руските воени делегации планираат да го следат и контролираат спроведувањето на примирјето меѓу Азербејџан и Ерменија, додава Министерството.

Во судирите во Нагорно-Карабах што почнаа на 27 септември помеѓу ерменските и азербејџанските сили загинаа најмалку илјада луѓе. Досега беа потпишани четири договори за прекин на огнот, од кои најновиот беше постигнат на 10 ноември. Ерменскиот премиер Никол Пашињан заедно со претседателите на Русија и Азербејџан, Владимир Путин и Илхам Алијев усвоија трилатерална изјава за прекин на огнот во Нагорно Карабах и предавање на регионите Калбаџар, Лачин и Агдам на Баку.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот