Турција и Русија разговараат за воспоставување „безбедносна зона“ во северозападниот регион Идлиб во Сирија, каде раселените Сиријци би можеле да се засолнат во текот на зимата. Тоа го изјави денеска турскиот министер за одбрана Хулуси Акар.
– Нападите на сириските владини сили во регионот продолжија и покрај прекинот на огнот што стапи на сила пред три дена, изјави Акар пред новинарите во Анкара.
Министерот за одбрана на Турција рече дека Турција не добила официјално барање во врска со повикот на ирачкиот Парламент на 5 јануари за повлекување на странските трупи.