Турција го деблокираше Инстаграм по девет дена

Од:

Турција во саботата објави дека повторно дозволува користење на Инстаграм, откако платформата се согласи да соработува со властите за да ги реши владините приговори.

Турција го блокираше пристапот до Инстаграм на 2 август, велејќи дека не ги почитува турските „закони и правила“ и јавното расположение.

Висок турски функционер го обвини Инстаграм за блокирање на објави за сочувство по убиството на лидерот на Хамас Исмаил Ханије.

Турција ги осудува израелските напади врз Појасот Газа, повикува на итен прекин на огнот и го критикува Западот за безусловна поддршка на Израел во неговата војна против Хамас.

Војната во Појасот Газа започна по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.

Исмаил Ханије, политички лидер на Хамас од 2017 година, беше убиен на 31 јули во Техеран.

Деветдневната блокада предизвика протести на корисниците и малите бизниси кои стигнуваат до нивните корисници преку таа платформа.

Турција е на петтото место во светот во користењето на Инстаграм со повеќе од 57 милиони корисници, по Индија, САД, Базел и Индонезија.

„По преговорите со претставниците на Инстаграм, ќе ја укинеме блокадата за пристап бидејќи тие ветија дека ќе соработуваат со нас за да ги исполниме нашите барања во врска со каталогот на кривични дела и цензурата наметната на корисниците“, објави министерот за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу на X.

Каталогот на злосторства во Турција вклучува убиства, сексуални напади, трговија со дрога, злоупотреба и тортура.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски