Турција демантира дека регрутира Албанци за Сирија

Од:

Министерството за надворешни работи на Турција ги демантира гласините за вмешаност на турски функционери во регрутирањето и испраќањето Албанци во Сирија, кои се борат на страната на бунтовниците.

Преку соопштение до јавноста, официјална Анкара ваквите информации ги оценува како невистинити.

– Вакви информации во медиумите се неосновани и не ја рефлектираат вистината, стои во соопштението на туското МНР.

Деновиве многу медиуми ја пренесоа веста на иранската агениција, дека турската хуманитарна рганизација, ИХХ регрутира стотици Албанци муслимани во Тирана и по воената обука во Турција ги упатува во борба против Владата во Дамаск.

Организацијата, според агенцијата, била поддржана од турското Министерство за надврошени работи и од екстремната саудиска група „Вехабии“.

Анонимен извор за иранската агенција изјавил дека дури 769 Албанци се приклучиле кон бунтовничките сили во Сирија.

– Регрутите Албанци одат од Тирана за Турција и таму се обучуваат во воената база Рејхан од страна на пензионирани американски офицери. Последната група регрути Албанци за Истанбул замина со летот 1078 на „Туркиш ер“ на 30 јуни годинава, изјавил изворот и самиот учесник во војната во Сирија.

Тој се вратил во Албанија откако ги видел воените злосторства кои ги вршеле терористички групи врз цивилното население во Сирија, но поради страв од агентите на турската разузнавачка служба и нивните платеници во Албанија, со семејството се сретнал дури откако тоа ја напуштило Тирана.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години