Во силните турбуленции над хонгкошкиот аеродром во два лета, денеска се повредени вкупно 45 патници, соопштија локалните власти.
Тајландската авиокомпанија „Тај ервејс“ наведе дека во авионот „Ербас А380“ со 500 патници, кој утрово полета од Банконг, повредени се 39 лица.
Меѓу повредените има и патници и членови на екипажот, а сите се превезени во три болници во град во јужна Кина.
Покрај тоа, поради турбуленции утрово при слетувањето во Хонг Конг повредени се и тројца патници и тројца членови на екипажот на авион на компанијата „Хонг Конг Ерлајнс“ на летот од тајландскиот остров Пукет.