Трудо: Знаевме дека војната ќе трае долго

Од:

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека земјите од Г7 се свесни дека војната во Украина ќе трае долго и дека се подготвени да го поддржат Киев се додека е потребно. Одговарајќи на прашање за темпото на актуелната украинска контраофанзива, тој рече дека лидерите на Г7 „секогаш знаеле дека војната ќе биде долг процес“.

„Секако од разговорите што ги имавме во Г7 и НАТО, ние сме подготвени за војна која ќе трае онолку колку што е потребно, бидејќи не можеме и не смееме да дозволиме Русија да победи“, рече тој во интервју за Блумберг.

Неговите изјави дојдоа во време на почетокот на преговорите меѓу Украина и Канада за билатерален договор за долгорочни безбедносни обврски.

Би можело да ве интересира

Новинарите мораа да го напуштат хотелот за време на американско-руските преговори

Претставникот на Трамп тврди дека Зеленски прифатил да се одржат претседателски избори

ВИДЕО: Жесток руски напад на Запорожје, тројцата мртви

ВИДЕО: Голем украински напад, пожар во клучната руска база

Клучен разговор меѓу Трамп и Путин денеска

Макрон: Не ни треба руска дозвола за испраќање војници во Украина