Трудо: Уништувањето на браната Каховка е директен резултат на војната што ја започна Русија

Од:

Канадскиот премиер Џастин Трудо, кој денеска беше во ненадејна посета на Киев, рече дека уништувањето на браната Каховка во јужна Украина, што предизвика поплави, е „директен резултат“ на руската инвазија. Трудо не отиде толку далеку директно да ја обвини Москва за експлозијата што ја уништи хидроелектричната брана на реката Днепар, додека двата завојувани табора ја негираат одговорноста за катастрофата.

Поплавите што следеа ги зафатија и областите под контрола на Украина и окупирани од Русија на двата брега на реката, при што загинаа неколку луѓе, а десетици беа повредени.

„Сите ја видовме штетата предизвикана од уривањето на хидроелектричната брана Каховка… Ова е директен резултат на војната што ја започна Русија“, рече Трудо.

„Во нашите умови нема апсолутно никакво сомневање дека уништувањето на браната е директен резултат на одлуката на Русија да ја нападне земјата“, изјави Трудо за новинарите.

Канадскиот премиер веднаш најави 10 милиони долари помош за Украина за справување со последиците и 500 милиони долари дополнителна воена помош за украинските сили кои се во офанзива.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО