Трудо оствари средба со папата Франциско

Од:

Папата Франциско го прими денеска канадскиот премиер Џастин Трудо. Тие одржаа средба што траеше повеќе од половина час.

Се очекува дека за време на разговорот, Трудо го повикал папата Франциско да ја посети Канада со цел да поднесе пред претставниците на домородното население извинување од Римокатоличката црква поради полувековните измачувања на децата од автохтоното население што биле сместени во домови, управувани од верски заедници.

Во Канада речиси 150.000 деца од домородното население – Индијанци, Метиси и Инуити биле принудно населени во 139 домови, управувани од религиозни заедници од името на канадската Влада.

Дел од децата биле понижувани и сексуално малтретирани.

По средбата, канадскиот премиер и папата изјавија дека разговарале на темите за интеграцијата и помирувањето, за верските слободи и за актуелни проблеми од етички природа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег

Тројца Италијанци загинаа во хеликоптерска несреќа во Канада

ВИДЕО: Масовен убиец по пошта, испраќал отров на луѓе да се самоубиваат

Катерина Ѓуровски