Трудо: Канада нема да плаќа откупи за ослободување на свои граѓани, зeмени како заложници

Од:

Канада не плаќа и никогаш нема да плаќа откупи за ослободување на свои граѓани, земени како заложници, изјави вчера канадскиот премиер Џастин Трудо, по убиството на канадски граѓанин од исламистите на Филипините, кој беше држен како заложник.

Дваесет и четири часа откако објави дека исламистичката групација „Абу Сајаф“ го обезглавила 68-годишниот Канаѓанец Џон Рисдал, киднапиран пред седум месеци, Трудо нагласи дека тој акт нема да ја измени позицијата на Владата кон киднапирањата, пренесува БТА.

– Канада не плаќа и нема да плаќа откупи на терористи, ниту директно, ниту индиректно, изјави премиерот во одмаралиштето Кананаскис, по завршување семинар на Владата.

Тој истакна дека плаќањето откуп за ослободување заложник претставува значителен извор за финансирање на терористички организации и со тоа би се ставиле под закана животите на милиони други Канаѓани, кои патуваат по целиот свет секоја година.

„Абу Сајаф“ држи уште еден Канаѓанец, Роберт Хол, кој беше киднапиран кон крајот на септември заедно со Рисдал, нивната филипинска пријателка и Норвежанец од хотелски комплекс на јужниот остров Минданао.

На новинарско прашање за ставот на други земји, кои плаќаат откупи, Трудо одговорил дека разговарал за оваа тема со британскиот премиер Дејвид Камерон и оти тие двајцата биле уверени дека таа пракса е погрешна.

Би можело да ве интересира

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација

Пукање во Торонто, тројца мртви, меѓу нив e и убиецот

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто