Трудо: Канада нема да испраќа војска поради протестот на камионџиите

Од:

Премиерот на Канада, Џастин Трудо денеска изјави дека Владата не планира да испрати војска поради протестот на возачите на камиони, кои се против задолжителната вакцинација против Ковид-19.

–Во овој момент не размислуваме за тоа. Не станува збор за испраќање на војници, истакна Трудо.

Повеќе од 200 камиони и други возила од 28 јануари ги блокираа улиците во центарот на Отава. Организаторите најавија слични протести оваа недела и во други канадски градови.

Изјавата на Трудо уследи откако шефот на полицијата во Отава, кој се соочува со критики за пасивниот одговор на полицајците на протестот, вчера изјави дека е можно да се повика армијата.

Дел од демонстрантите бараат укинување на задолжителната вакцинација за возачите на камиони кои патуваат преку меѓународните граници, додека други бараат смена на премиерот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација

Пукање во Торонто, тројца мртви, меѓу нив e и убиецот

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто