Трудо: Испраќаме 125 канадски војници да помогнат во покраината Квебек

Од:

Премиерот на Канада, Џастин Трудо соопшти синоќа дека 125 војници ќе и помогнат на покраината Квебек, силно погодена од новиот коронавирус.

Трудо додаде дека тие припадници на канадските вооружени сили имаат медицинска обука.

Извор на канадската Влада соопшти дека над 2.000 луѓе се пријавиле и се подготвени да волонтираат во Квебек, каде што Ковид-19 зарази луѓе во повеќе домови за стари лица.

Трудо, исто така, објави дека Отава ќе ослободи милијарда долари дополнителни финансиски средства за агенциите за регионален развој.

Премиерот најави дека ќе му помогне и на секторот за уметност, култура и спорт со 500 милиони долари.

Канада планира да инвестира 1,7 милијарди долари за финансирање на деконтаминација на напуштените нафтени наоѓалишта, за зачувување работни места во енергетскиот сектор и создавање нови.

Според најновите информации, Квебек има 15.557 потврдени случаи на заразени со новиот коронавирус и 630 смртни случаи од кои половина од смртните случаи се во домови за грижа за стари лица.

Би можело да ве интересира

Трудо: Трамп сака целосен колапс на нашата економија за да може полесно да нè припои

Горан Наумовски

Трамп: На американските банки не им е дозволено да работат во Канада

Канада веднаш воведe царини од 25 отсто за увоз од САД

Што ќе значат новите царини за економиите на САД, Канада и на Мексико

Катерина Ѓуровски

Канада може да го прекине пристапот на САД до енергенси

ВИДЕО: Трамп воведе нови царини за Канада и Кина,Трудо и Џипинг веднаш возвратија

Катерина Ѓуровски