Премиерот на Канада, Џастин Трудо денеска ја именуваше поранешната главна астронаутка и прва Канаѓанка, која се качи на Меѓународната вселенска станица. Џули Пајет за генерална гувернерка, што е претежно церемонијална улога, со која се претставува кралицата Елизабета.
Трудо изјави дека пионерската работа на Пајет во вселената ја прави „несомнено квалифицирана“ за позицијата.
– Животот на госпоѓата Пајет е посветен на едно откритие, големи соништа и апсолутен фокус на најважните работи, рече Трудо на прес-конференција.
Таа ќе го наследи генералниот гувернер Дејвид Џонстон, кој ќе се пензионира во септември по седум години на позицијата.