Тропската бура „Ајзак“ се движи во правец на Луизијана и другите американски држави во регионот на заливот, поради што е прогласена вонредна состојба, посебно што ураганот „Катрина“ го разурна Нју Орлеанс.
Бурата се движи во правец на северниот брег на Мексиканскиот залив со брзина на ветрот од 100. километри на час, но за 24. часа може да достигне сила на ураган, соопшто Националниот центар за урагани од Мајами.
Луизијана, Мисисипи, Алабама вчера прогласија вонредна состојба, 24.часа откако поради „Ајзак“ беше одложена републиканската конвенција во Флорида.
Бројот на жртвите од „Ајзак“на Хаити се качи на 19. соопшти власта во таа земја. Бурата ја погоди најсиромашната земја на западната хемисфера во саботата изутрина.
До денеска е потврдено дека настрадале 19. луѓе, шестмина исчезнале, 15.000. луѓе се евакуирани, а 335 куќи се уништени.