Тројцата, лекари, кои беа убиени синоќа од непознати лица во Нигерија се Севернокорејци, а не Јужнокорејци, ниту Кинези, како што првично беше соопштено.
Лекарите кои работеле една година во најголемата болница во градот Потискум, кој се наоѓа во немирната држава Јобе, каде исламистичката секта Боко Харам често пати извршува напади.
Непознати напаѓачи влегле во апартманот и лекарите и ги убиле со нож. Двајца биле заклани, а еден обезглавен.
Засега никој не ја презел одговорноста за убиството. Локалната полиција не може да ги процени мотивите за убиството.
Првично лекарите во болницата, каде работеле жртвите ги идентификувала како Јужнокорејци, а локалната полиција соопшти дека станува збор за Кинези. Официјален претставник на здравствените власти потоа изјави дека убиените биле од Северна Кореја и оти во Нигерија живееле од 2005 година. Тие работеле во рамки на медицинската програма меѓу Јобе и севернокорејската Влада.