Тројцата Французи уапсени минатата недела планирале бомбашки напади

Од:

Тројца млади Французи, уапсени минатата недела, планирале бомбашки напад во Франција, соопшти парискиот обвинител Франсоа Молен.

Младите Французи биле делумно инспирирани од Мохамед Мера, радикален исламист, кој пред една година уби седум лица во Јужна Франција, пред да биде ликвидиран од полицијата.

Според обвинителот, едниот од тројцата уапсени го привлекол вниманието и на американските власти, откако испартил соопштение до Белата куќа.

Молен истакна дека тројцата требало да извршат напад во следните неколку дена. Сепак, тој не соопшти која била нивната цел.

Тројката е уапсена минатиот четврток во јужниот дел на Франција. Против нив се покренати обвиненија за тероризам.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз